Претепана старица донесена во битолската клиника - снаата ја нападнала и и го скршила колкот

Вчера во битолската Клиничка болница била донесена 82 годишната Б.С., која, била претепана од својата снаа.

Според Б.С., по кратка расправија со нејзината снаа, жената се збеснала, ја турнала на подот и ја претепала. Од ќотекот, старицата заработила скршеница на левиот колк.

Полицијатата презема мерки за расветлување на случајот.

 

06.08.2013 - 12:30

најчитано сега