Бизарна несреќа во Битола: Маж се бори за живот

Отишле да собираат дрва, па едвај спасил жива глава. Вчера во 15 часот и 30 минути во атарот на селото Свети Тодори, битолско, 52-годишниот М.П. и 35-годишниот О.А.  од селото отишле со трактори да собираат дрва.

Како што информираат од полциијата, во еден момент О.А. заглавил со тракторот, а М.П. со каиш го прикачил неговиот трактор за тракторот на пријателот и се обидел да го извлече. При обидот дошло до кинење на каишот, по што М.П. се превртел од тракторот и се здобил со повреди во пределот на главата и паднал во безсознание.

Истиот  со возило бил пренесен во Клинички центар Битола каде му се констатирани тешки телесни повреди во пределот на главата и вратот. Тој се уште се бори за живот.

Поради непристапност на теренот, а во консултација со Јавен обвинител, увид на местото на настанот ќе се врши на денеска.

 
 
15.11.2016 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега