Откажана уште една аукција на државни хартии од вредност

Министерството за финансии ја откажа за денеска закажаната аукција на државни хартии од вредност. Ова е втора по ред аукција на државни хартии од вредност која се откажува во рок од еден месец.

Целта е да се излезе во пресрет на бизнис заедницата и да се подигне ликвидноста на стопанството, секогаш кога ќе има простор за тоа.

Oд Министерството за финансии и Владата на Република Македонија велат дека ќе останат посветени на поддршка на стопанството во време на европска економска криза.

 

 

 

06.08.2013 - 11:46

најчитано сега