Несреќа на патот Охрид - Кичево

На магистралниот пат Охрид-Кичево, вчера во 8:20 часот во близина на местото викано „Разделна“, се случила сообраќајна незгода во која58-годишниот  Н.Д. од Прилеп, управувајќи товарно моторно возило „Фургон“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Во незгодата Н.Д. се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево, а по укажаната лекарска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кичево. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 
 
13.11.2016 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега