Што е следно на „Охридско лето“?

Вечерва, во рамки на „Охридско лето“, италијанскиот пијанист Маурицио Морети ќе одржи концерт во катедралната црква Св. Софија.

На програмата се дела од Шуман, Вагнер, Лист, Шопен, Дебиси, Момпоу и Барток.

Морети е еден од најистакнатите претставници на познатата италијанска пијанистичка школа. Во текот на неговата кариера Морети настапувал во најпрестижните европски сали, како и на концертни подиуми низ светот.

Покрај концертирањето, ангажиран е и како професор по пијано на Конзерваториумот во Калјари и гостин-професор на познатиот фестивал „Кусацу“ и Академијата во Јапонија, како и проферо на мастер класите низ зветот.