Босилово денеска без вода

Општина Босилово и околните села денеска во периодот од 08 до 18 часот ќе останат без вода за пиење. Како што информираат од ЈПКД „Огражден“ - Босилово, без вода ќе останат сите оние кои се снабдуваат од Регионалниот водовод „Иловица”.

Денешниот прекин во водоснабдувањето е заради поставување на озонатор, со кој ќе се подобри квалитетот на водата која се испорачува од станицата за преработка на вода од браната „Иловица”.

06.08.2013 - 09:00