УХМР: Утре снег во Македонија

Времето е малку до умерено облачно, а слаби врнежи од дожд има во К.Паланка и Охрид. Дува слаб до умерен ветер од западен и јужен, а во западните и северните делови од северен правец.  

Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, претежно во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови повремено и засилен од југозападен правец. 

Нови врнежи од дожд, а  на повисоките планини  од снег, ќе има од петок попладне до  сабота на пладне. Потоа следува променливо облачно време со пониски утрински температури.

 

 
 
09.11.2016 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега