Дијагноза од која се плашеа – тригодишниот Ноа има рак на црниот дроб!

Тригодишниот син на пејачот Мајкл Бубле и Луисана Лопилато, Ноа, има рак на црниот дроб, тврди еден аргентински магазин.

Лекарите во Лос Анџелес минатиот викенд со биопсија го потврдија она од што Мајкл и неговата сопруга, аргентинската актерка Луисана Лопилато најмногу се плашеа. Ноа наводно почнал со хемотерапија која ќе трае четири месеци.

-Ракот е ужасна болест, но веруваме дека Ноа ова ќе го преброди. Знаеме дека ќе ја победи болеста. Сега почнува долго и тешко лекување, но без тоа не може. Велат дека децата обично се доволно силни да ја пребродат хемотерапијата, а мојот внук е борец – рекла сестрата на Луисана, Даниела.

1noa

Таа додала дека после хемотерапијата Ноа најверојатно ќе мора на операција, но дека лекарите прогнозираат дека шансите се 90 отсто дека ќе го победи ракот.

 
 
09.11.2016 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега