Минов: Се реконструираа голем број на основни училишта во Општина Карбинци

Во текот на изминатите 3 и пол години, како дел од програмата на градоначалникот на општина Карбинци, Зоран Минов, се реализирани голем број проекти со чија што реализација значително се подобри квалитетот на наставата во ООУ „Страшо Пинџур“- Карбинци, како и во останатите подрачни училишта кои гравитираат на територијата на Општина Карбинци, при што од Буџетот на општина Карбинци вложени се вкупно 8.473.271,00 денари.

-Од почетокот на оваа учебна година учениците од ООУ„Страшо Пинџур“ – Карбинци наставата ја следат во сосема нови, далеку подобри услови благодарение на реконтрукцијата и санацијата на училишните згради.Така, извршена е промена на кровната конструкција, стариот азбестен кров е заменет со нов кровен покривач за која што активност средствата беа обезбедени од Влада на Р.Македонија.Во централното училиште беа реконструирани санитарните јазли, како и соблекувалните во спортската сала за што средствата исто така ги обезбеди Владата на Република Македонија, а реконструкцијата траеше од јануари до јуни 2016 година.

Понатаму, во подрачното училиште во с.Таринци направена е промена на влезни врати и прозорци во помошните училници, како и оградување на училишниот двор со средства кои ги обезбеди Општина Карбинци во вкупна вредност од 1.274.142,00 денари, подвлече Минов.

Во подрачното училиште во с.Радање во периодот од септември до декември 2014 година се изврши оградување и уредување на училишниот двор исто така со средства обезбедени од Општина Карбинци, како и промена на влезната врата на училишната зграда и промена на прозори на училниците со средства обезбедени од ООУ „Страшо Пинџур“-Карбинци во вкупен износ од 1.767.598,00 денари.

-Во подрачното училиште во село Крупиште во 2013 година се изврши оградување и уредување на училишниот двор со средства обезбедени од Општина Карбинци во вкупен износ од 2.892.718,00 денари.Во периодот од јануари до мај 2016 година се  изврши санација на влагата со комплетна реконструкција на училишната зграда, глетување и молерисување на внатрешните ѕидови и се постави нова фасада на училишна зграда. Средствата се обезбедени од Општина Карбинци во вкупен износ од 2.538.513,00  денари.Со реконструкцијата и санацијата на училишните зградиуште еднаш потврдивме дека работиме домаќински и одговорно и дека се залагаме за создавање на подобри и поквалитетни услови за непречено одржување на наставата како за учениците, така и за наставниците како основни носители на воспитно – образовниот процес, вели тој.

Градоначалникот додава дека локална власт и понатаму остануваме на цврстата определба  да продолжиме да инвестираме во вакви и слични проекти.

-Тоа е предуслов за подобра и посигурна иднина на нашите поколенија и нашата држава и лично јас како Градоначалник максимално ќе се залагамконтинуиранода се подобруваат и усовршуваат условите во кои се одвива воспитно-образовниот процес во нашата општина како предуслов за генерирање на млади и образовани кадрикои ќе бидат креатори и носители на иднината на нашата општина, заклучува Минов.

 
 
09.11.2016 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега