Повторно поплава во Стајковци
Силниот дожд повторно го поплави Стајковци.. Граѓани јавуваат дека улиците низ населеното место комплетно се под вода. Тие стравуваат дека може да се повтори катастрофалната поплава од август, годинава.
Граѓаните веќе се мобилизирани и поставуваат вреќи со песок пред своите домови.
УХМР денеска предупреди дека поради интензивните врнежи, можни се поплави.
08.11.2016 - 12:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа