Андреј Жерновски - градоначалник за издавање на соопштенија до јавноста

 

И покрај тоа што сум голем противник на дел од проектот „Скопје 2014“, искрено се надевав дека Жерновски нема да биде толку луд и да реши дел од спомениците да ги сруши или пак да ги дислоцира. Но, најискрено се надевав дека нема да дозволи карши хотелот Бристол да никне една нова зграда во класичен (барок) стил, а уште помалку сметав дека и локацијата карши Музејот на Град Скопје ќе заврши како градежна парцела на која ќе никне нова зграда со која ќе се задоволат потребите на Советот за радиодифузија.
Во ред, дрвјата се исечени. Касно е!
Андреј Жерновски стана градоначалник кој лиферува соопштенија до јавноста откако ќе се случат одредени настани.

Вистинскиот градоначалник треба да биде првиот кој ќе застане на барикадите и ќе го брани зеленилото во својата општина, а не неговата борба да се сведе на застанување пред веќе заградениот со тараби и ископан простор на кого веќе сериозно и забрзано се работи за градба на уште една нова зграда.
Не можати не смеат граѓаните на Центар да се задоволат со соопштенија или пак со партиски војници од страна кои ќе ги бранат нивните интереси.

Целиот пост прочитајте го на блогот на НЕУТРАЛЕЦ

Категоријата БЛОГЕРАЈ има за цел да ја развива слободната мисла и да ги поттикне читателите својот став да го искажат јавно. Се превземаат главно теми поврзани со политката, социјалата и актуелните настани. 
Редакцијата на Press24 го превзема само воведот на авторот, а за целиот текст читателите ги упатуваме на оригиналниот линк. Редакцијата на Press24 не секогаш ги дели ставовите со оние на авторот на постот.
Сите заинтересирани блогери кои сакаат нивниот пост да биде објавен во оваа рубрика може да го контактираат уредникот на aleksandar@press24.mk

05.08.2013 - 23:46

најчитано сега