Маскирани насилници му приредија хорор на пензионер од Куманово

Маскирани лица физички нападнале и ограбиле 66 - годишен жител на село Отља, кумановско.

Како што соопшти МВР, вчера во 20:50 часот во Отља три засега непознати маскирани лица влегле во куќата на 66-годишниот Т.С.физички го нападнале и му одземале 300 швајцарски франци, 150 евра, 14.000 денари и пиштол „застава“ калибар 7,62 мм, што оштетениот го поседувал со дозвола, како и мобилни телефони „самсунг“ и „ајфон 4“. 

Според МВР, сторителите се стекнале со противправна имотна корист од околу 100.000 денари. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Куманово, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 
 
06.11.2016 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега