Киднапирана млада девојка од Тетово: Ја извлекле од возило па ја однеле во шума

Киднапирање било пријавено во македонската полиција. Синоќа во 23 часот и 40 минути во полицијата во Гостивар, 28-годишниот гостиварчанец Б.Р. пријавил дека истиот ден на улицата „Ж.Брајкоски“  С.Д. од Тетово ја грабнал 23-годишната А.А.

Според податоците од полицијата, С.Д заедно со друго лице кое управувало возило, под закана дека наводно има пиштол ја извлекол А.А од „Опел Астра“. Б.Р се исплаши и побегнал, а насилникот влегол во возилото ја удрил девојката два пати со раката во пределот на лицето заканувајќи и се дека ќе ја однесе во шумата.

Во 23 часот и 50 минути, во селото Чајле, од страна на патрола од полициски службеници пронајдени се С.Д. и А.А. по што насилникот е приведен и задржан во полициска станица.

 
 
06.11.2016 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега