СДСМ ќе ги објави кандидатите за пратеници

Најголемата опозициска партија во Македонија, Социјалдемократскиот Сојуз, ќе ги избере денеска пратениците за шесте избори единици. Конгресот е најавен за 14 часот во Александар Палас.

Според неофицијалните информации, сигурни носители на листите се заменик претседателката Радмила Шекеринска, генералниот секретар и актуелен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, актуелниот дополнителен заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Петре Шилегов и Стево Пендаровски.

На листите на СДСМ се очекува да се појават и имиња на независни кандидати.

 

 
 
06.11.2016 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега