Жена заврзана со ланци и 7 усмртени лица кои се водат за исчезнати - Полициска акција уапси сериски убиец

Мажот, кој беше уапсен, откако жена заврзана со ланци беше пронајдена на неговиот имот во Јужна Каролина, убил најмалку седум лица, изјави шерифот на Спартанбург, Чак Рајт.

Тој истакна дека Тод Колап признал вчера дека е одговорен за убиството на четири лица во продавница за мотоцикли во 2003 година, а исто така на полицијата и ги покажал гробовите на другите две жртви, кои биле закопани на неговиот имот во близина на Вудроф.

Претходно на истото место беше пронајдено тело на друга жртва.

Рајд и судскиот лекар Раст Клевинџер ја идентификувале жртвата како 32-годишната Чарлз Карвер, пријателка на 30-годишната Кала Браун, која беше пронајдена заклучена во метален контејнер во четвртокот. Таа и пријателката се воделе како исчезнати од август.

Шерифот изјави дека е можно да бидат откриени уште тела.

 
 
06.11.2016 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега