ДРАМА: Девојче пронајдено на автопатот, а зад него вистински хорор

Животот пишува големи драми. Токму таква се одригра во Канада минатата година.

Централна фигура во приказната е девојчето Лекси Шимански (5) која им го спаси животот  на мајката Анџела и братот Питер по сообраќајната несреќа која ја доживеале.

Анџела која го возела автомобилот изгубила контрола над возилото и излетала од патот. Анџела по сообраќајката изгубила свест, како и малечката Лекси. Сепак по некое време девојчето ја разбудило плачењето на нејзиниот брат кој тогаш имал само 10 недели.

Лекси излегла од уништениот автомобил и отишка до самиот пат за да им даде знак на возачките дека им треба помош.

Жената која го забележала девојчето крај автопатот веднаш застанала и повикала помош.

Медицинските екипи веднаш дошле. Мајката Анџела е префрлена во болница и по дваесетина дена потполно се опоравила.

Малечката Лекси доби медал за својата храброст.

 

 
 
 
 
05.11.2016 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега