Кобна ноќна смена за таксист од Кавадарци

Околу 21 часот и 30 минути во Кавадарци се одвивала вистинска драма кога од центарот во Кавадарци, две засега непознати лица побарале такси услуга од 25-годишниот Ѓ.Т. по што тој требало да ги однесе до селото Пепелиште.

Возачот кој бил со возило „Сеат Кордоба“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија, кога стигнал кај Пепелишки мост, лицата насилно го изнеле од возилото, физички го нападнале, му го одзеле возилото и се упатиле кон Неготино.

Во 22.10 часот од страна на полициски службеници возилото било пронајдено на улицата „Индустриска“ во Неготино.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на насилниците.

 
 
05.11.2016 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега