Полицаец си ја силуваше девојката: Го молев да ме убие за да ми ги скрати маките

- Срамота ми е да зборувам што ми правеше тоа и така неможе да се опише со зборови. Повеќето од болките кои ми ги нанесе пеколот ми е понижување. Го молев да ме убие за повеќе да не ме мачи, вака ја опишува голготата која ја доживеала 46-годишата жена З.Р која пред шест дена ја силувал полициски службеник З.С(43) со кого била во љубовна врска. 

Несреќната жена вели дека биле зедно речиси година ипол дена и дека често кон неа бил насилен, но го трпела од страв. 

Болно љубоморен

- Кога ја започнавме врската се надевав дека ќе ни биде убаво. Јас вдовица, тој разведен, сметав дека на нас ќе ни биде подобро заедно отколку да бидеме сами. Меѓутоа, тој од почетокот беше насилен, ме тепаше и ме малтретираше, секогаш беше страшно љубоморен. Кога се бањав, ставаше столица пред вратата, не можев да одам ни до тоалет сама. Постојано ме обвинуваше дека го изневерувам, а одев да барам работа за да заработам некој денар за себе и своите децабидејќи од него никогаш ништо не му барав, а тој ме тепаше. Ми зборуваше: „Идеш да се К**ваш! Можете да ги прашате соседите, никогаш со никого не сум била долго време од смртта на мојот маж освен со него, зборува З.Р. 

Но никогаш не насетувала дека ја чекало најлошото. 

- Минатата среда ми се јави да одиме на кафе. влегов со него во автомобилот и ме однесе неколку километри од Алексиќ. Во колата ме држеше и силуваше четири дена, во средата ми даде да јадам една плескавица, а во саботата паштета и тоа беше се, со трепелив глас раскажува за силувањето оваа несреќна жена. 

- Велеше дека ќе ме убие и мене и себе, а тоа го посакував само за да престанат моите маки. Го молев да ме пушти, му зборував дека дома имам две деца, дека се гладни и жедни... Но сето тоа беше залудно. После четири дена во автомобилот ме однесе во својот стан, каде продолжи да ме напаѓа, ме ослободи дури во понеделник, кога бев речиси мртва. 

Се срамам од сите

 З.Р вели дека не може да се опорави од траумите и се плаши дека кога ќе биде пуштен на слобода повторно да не и наштети на неа и нејзиното семејство. 

 

 

 
 
04.11.2016 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега