Остварена среба на Ахмети со холандската амбасадорка во Македонија

Денеска претседателот на ДУИ Али Ахмети ја прими госпоѓа Мариет Шурман амбасадорката на Кралството на Холандија во Македонија во своите канцеларии каде беше разговарано за интеграцијата на земјата во НАТО и Европската Унија. Беше разговарано за поттикнување на јавна дебата за постигнување на компромис околу името. Ахмети побара од меѓународната заедница да ги интезивира напорите пред самитот на ЕУ во декември со цел да можат двете страни да седнат на заедничка маса и да изнајдат решение за спорот со името се со цел да може Македонија да стане полноправна членка на Алијансата и ЕУ. 

Ахмети подвлече дека реформите во земјaта за постигнување на стандардите на ЕУ заедно со другите актуелни теми се многу значајни.

ДУИ смета дека целото општество треба да ги концентрира напорите кон изнаоѓање на компромис кој што ќе ја осигура  нашата заедничка иднина и ќе овозможи економски развој, благосостојба, мир и стабилност.

Агендата на ДУИ за земјата предвидува целосна имплементација на Охридскиот Договор, здрави меѓуетнички односи, добри меѓусоседски односи, интеграција во НАТО, интеграција во ЕУ, и економски развој. Сите што ги поддржуваат овие точки и сакаат Обединета Европа и мир и стабилност во регионот, што се постигнува само преку станување дел на НАТО, треба да ги унапредат конкретните напори за да се постигнат овие цели што е можно поскоро.

најчитано сега