СИТЕЛ: Идеите на стопанственците стануваат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Договор со бизнис заедницата при креирањето на економските политики, носење на дологорочна стратегија за економски развој како и воспоставување на моќен коморски систем се трите клучни чекори за економски развој според бизнис заедницата. Ова го презентираа бизнисмените на денешната средба со делагацијата на ВМРО ДПМНЕ.

Според нив бизнисот односно капиталните инвестици,  и во иднина треба да останат во фокусот на интересите како и досега.

- Се работи за една навистина сеопфатна програма во која што сакаме да ги вклучиме сите релевантни чинители, пред се од приватниот сектор и да ги слушнеме нивните идеи. Тоа е практика што се применувала и претходно во подготовката и на претходните програми на ВМРО-ДПМНЕ коишто стануваат подоцна владини програми, изјави Миноски.

Стопанствениците ја истакнаа важноста на неколку клучни прашања кои се од голем интерес за нив, и на кои што треба да се работи во иднина. Побараа забрзување на постапките за извршување кои што според нив траат предолго и создаваат поголеми трошоци за компаниите, како и поголема поддршка на извозно ориентираните компании и воведување на дуален систем на образование за потребите на стопанството.

- Со договорот ќе се прецизираат правилата на игра меѓу јавниот и приватниот сектор што досега го решававме во секојдневна комуникација, но сметам дека тука треба да се направи нешто без разлика кој и како ќе однесе победа на изборите, сите да сме обединети околу тоа дека јавниот и приватниот сектор мора да ги усогласуваат работите, изјави Азески.

Азески потенцираше дека со носењето на долгорочна стратегија за еконосмки развој ќе се оди со повисоки стапки на раст кои гарантираат развој. Тие ќе се движат од 5 до 7 отсто во следните 10 години. Во креирањето на новиот еконосмки модел неопходно е да се вклучат не само Владата туку и МАНУ, синдикатите како и универзитетите.

 
 
03.11.2016 - 19:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега