ВИДЕО: Спасовски заедно со криминалците го бркал Спасов по скопските улици

Оливер Спасовски заедно со осудени криминалци од Серава во потера по Диме Спасов. Техничкиот министер за внатрешни работи денеска на прес конференција пред да биде објавено видеото се обиде да ја излаже јавноста дека поседува снимки на кои наводно се гледало дека никој не го напаѓа Диме Спасов.
Но по видеото кое денеска го објави ТВ Сител стана јасно дека не само што пропадна обидот на Спасовски да ја излаже јавноста дека никој не го бркал заменик министерот туку тој, дополнително се обиде и да ги одбрани криминалците.
Спасовски рече дека тие цело време биле во контакт со Министерството за внатрешни работи преку телефонскиот број 192. Интересно е што во моментот кога криминалците од Серава удираат по автомобилот на Диме Спасов се забележува дека поминува полициски дифендер кој наместо да ги спречи, продолжува како ништо да не се случило.
Прашањето што овде се поставува и дилемата која се отвора е дали МВР на Спасовски било во координација со криминалците кои го бркале Спасов по скопските улици и му се заканувале по животот.
На снимката може да се забележи дека од лицата што се превезуваат во Пасатот кој Спасов наводно го удрил претходно никој не зборува на телефон. Две од лицата удриаат во возилото на Спасов и се обидуваат да влезат во него, а едно лице го управува автомобилот.

Потоа, истите лица кои имаат дебело полициско досие, заедно со Алфите го приведуваат Спасов во кој се држи вперен пиштол.

 
 
03.11.2016 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега