Родители од пеколот: Ги дрогирале трите деца со хероин за да спијат полесно

Брачна двојка од Америка заврши зад решетки под основано сомнение дека децата ги дрогирале со хероин.

Обвинението е покрената година дена откако им се одземени децата од домот во Спенавеј, во државата Вашингтон.

Полицијата во нивниот дом пронајде хероин и игли, а децата, на возраст од четири и шест години имале „траги од убоди со модринки“ по телото, објавија медиумите.

Најстарото момче минатиот декември рече дека мајка му и таткото им давале „лекови за да се чувствуваат добро“, притоа опишувајќи ја постапката. Детето рекло дека тој и сестричката веднаш заспивале штом ќе добиеле дрога.

Децата тогаш се тестирани на хероин. Двегодишната била позитивна, а шестгодишниот негативен. Средното дете, четиригодишното девојче, во крвта имала траги од хероин, но на многу ниско ниво за да се донесе конечен суд дали било дрогирани.

Осомничените признаа дека користеле хероин.

 
 
02.11.2016 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега