СИТЕЛ: Иницијативата "Отворено владино партнерство" дава резултати

Преку иницијативата “Отворено владино пратнерство”: за ЕУ интеграции и одржлив развој, владата, но и секоја институција поединечно покажува дека има слух да разбере кои се проблемите, очекувањата и предизвиците на граѓаните. Иницијативата која веќе пет години се спроведува во Македонија, има за цел транспареност на податоците кои може да се обезбедат со политичка волја од властите, но и барање од граѓаните за остварување на правата. 

Националниот акциски план успеавме да го усогласиме со целите за одржлив развој, кои се уште една глобална агенда пред која што е исправена Македонија, а која има за цел да ги подобри квалитетот на животот на граѓаните, рече директорот на центарот за истражување и креирање политики, Марија Ристовска.

Многу години наназад го поддржуваме доброто владеење и неговите принципи на транспарентност, отчетност и учество на граѓаните, посочи постојниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон. Таа нагласи дека е забалежан одреден напредок во активностите за Отворено владино партнерство, но има уште многу да се работи, бидејќи одредени наоди на процесот зборуваат дека се уште постои тенденција за тајност на информациите.

За спроведувањето на приоритетите од иницијативата, подготвен е третиот Акциски план, кој опфаќа 34 заложби во осум приоритетни области.

 
 
02.11.2016 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега