Jа силувале на 13 а на 25 тотално ја уништиле: Двајца ме држеа додека еден ми ги соблекуваше панталоните!

 
Пурнима Шил живеела во северниот дел на Бангладеш. Имала само 13 години кога група мажи, припадници на банда ја силувале и тоа само на 200 метри од нејзината куќа.
 
"Двајца ме држеа додека еден ми ги соблекуваше панталоните. Можев да ги видам нивните лица, беа осветлени од факелите кои ги носеа со себе", ја започнува Пурнима својот исповед.
 
Пурнима мислела дека го надминала сето тоа но по 25 години доживеала ново и тоа преку Фејсбук.
 
- Најдов профил со мое име и слика на Фејсбук. Објавувале вулгарни зборови и вулгарни слики. Дури и го имаше мојот мобилен телефон, раскажува несреќната девојка.
 
Колегите на Пурнима го прифаќале пријателството мислејќи дека се работи за нејзе, но потоа се згрозувале од содржината.
 
Пурнима ја таргетирале на Фејсбук како некој кој преживеал силување, окарактезирана е како "нечиста".
 
Пријателите ја прашале зошто тоа го прави, а еден дури и ја прашал колку наплатува. На улица некои физички ја нападнале.  Како да не било доволно тоа што била жртва на силување и се издигнала повторно покрај тоа. И понатаму таа незнае кој стои зад лажниот профил, но се надева дека ќе замине засекогаш од Бангладеш и дека ќе започне нов живот.
 
Моментално предава музичко и ги преживува деновите од ден за ден.
 
Слушнете ја сторијата на оваа храбра девојка:
 
 
 
02.11.2016 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега