Трговската размена во првата половина од 2013 поголема од 5 милијарди долари

 Република Македонија во првите шест месеци од годинава извезла стоки во вредност од 2 милијарди и 720 илјади американски долари, а увезла стоки за 3,186 милијарди американски долари.

Според податоци на Државниот завод за статистика, покриеноста на увозот со извоз изнесува 62,8 отсто, а трговскиот дефицит е 1,185 милијарди американски долари.

Најголемо учеството во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, руди на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Најмногу стоки 70,8 отсто се извезени  во земјите-членки на ЕУ по што следат земјите од Западен Балкан со 20,3 отсто. Најмногу стоки 59 отсто, пак,  се увезени од земјите-членки на ЕУ.

Република Македонија во првите шест месеци од годинава најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија. Со овие пет земји  е остварена 49,6 отсто од вкупната надворешно-трговска размена.