Македонската полиција на нозе: Избегал од затвор за да ја киднапира сопругата

Вистинска драма се одвивала синоќа во село во радовишко. На последниот октомвриски ден околу 18 часот и 30 минути, во селото Ораовица 32-годишниот Б.А. од Струмица насилно ја грабнал 35-годишната С.З. оја му била вонбрачна жена со која има вонбрачно дете.

Според податоците од полицијата, тој пеш ја однел во правец на Струмица, а случајот во полициска станица го пријавила нејзината мајка. 67-годишната Н.З.кажала дека насилникот и ја грабнал ќерката.

За Б.А. има распишано потерница бидејќи избегал од затворот Гевгелија.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно  расчистување на случајот.

 
 
01.11.2016 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега