Повеќе од 50.000 војници подготвени да гинат за Мосул: Ирачаните напаѓаат, ИД пружа силен отпор! (ВИДЕО)

Ирачките сили водат жестока битка во Мосул со џихадистите на Исламска држава кои пружаат силен отпор. Борбите се водат за секоја педа земја.

Потсетуваме, ова е прв пат државните сили да влезат во тој град по двонеделните борби во околните области со цел од таму да ги истераат екстремистите.

Околу 50.000 ирачки војници, курдски борци, вклучени се во офанзивата чија цел е завземање на Мосул кој претставува најсилното утврдување на Исламска држава во срцето на самопрогласениот Калифат. Проиранските ирачки шиитски милиции се придружија во борбата во саботата, со цел да го пресечат патот на снабдување на Исламска држава од Мосул до Рака, главното упориште на терористите во Сирија.

Пред воената операција која започна на 17. октомври проценките беа дека во градот се наоѓаат помеѓу 3.000 и 5.000 милитанти, заедно со милион ипол цивили.

До сега повеќе од 17.900 жители го напуштија Мосул, а според најлошото сценарио уште 700.000 би можеле да го напуштат Мосул.

Битката за Мосул би можел да стане една од најжестоките во немирната деценија која следеше откако со инвазијата на чело со САД од власт беше симнат Садам Хусеин во 2003. година. 

 

 
 
01.11.2016 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега