Трагедија во семејството на младата пејачка: Убиен братот на Ѕвездата на Гранд

Пејачката Надежда Билиќ доживеа голема трагедија, кога во пукотница која се случила ноќта помеѓу сабота и недела го изгубила братот.

Имено, немилиот настан се случил во кафуле во Ваљево и во инцидентот со три куршуми е застрелан Дамјан Драголовиќ, студент на Факултетот за физичко образование, жесток навивач на Црвена Звезда и брат на Ѕвездата на Гранд.

Од него на друштвената мрежа Фејсбук се прости и пејачката Надежда Билиќ.

Таа наместо своја профилна фотографија објавила заедничка слика, а нејзините пријатели и изразиле сочувство.

Покрај тоа, наместо насловна фотка поставила фотографија од трибината, каде навивачите се простиле од Дамјан.

 
 
01.11.2016 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега