Косово ги предупри своите граѓани да не патуват во Србија

Косовското Министерство за надворешни работи ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Србија. 

Ова следува по апсењето на уште еден косовски граѓанин,Хилми Келменди под обвинение за воени злостоства.

 Претходно,на 29 септември, српските влсти го уапсија регионалниот директор на косовската полиција во Косовска Митровица,Нехат Тачи,кој се уште е во притвор.

 Преку соопштение во јавноста, Министерството за надворешни работи во Приштина, апсењето го оценува како неприфатливо и оти ги доведува во опасност постигнатите процеси во текот на дијалогот за нормалзиирање на односите меѓу Косово и Србија.

- МНР ќе родолжи да ја следи оваа ново создадена и апсурдна ситуација со Србија, и подигнуваќи ја истата на повисоко ниво до нашите меѓународни пријатели, САД и ЕУ, како и сите пријателски држави. Нашата дипломатска мисија во Белград е исто како и онаа на институциите во Косово во континуитет ги координираме чекорите за да обезбедиме неопходна законска и човечка заштита за последно  уапсените  државјани на Косово, стои во сооштението. 

Исто така министерството ги повикува сите државјни на Косово, кои по било која причина ја избират Србија како транзит земја во следните месеци максимално тоа да го избегнуваат.

Министерството, стои на крајот од соопштенито,  во исто време ќе побара и од земјите во регионот и ЕУ, како што тоа го правело и до сега, да не ги земаат предвид потерниците издадни од страна на Србија за граѓаните на Косово. 

 
 
01.11.2016 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега