Трипуновски: Земјоделците сакаат да престане политичката криза и да продолжат проектите

Граѓаните се сеќаваат на политиката која ја водеше СДСМ и на политиката која што сега ја води ВМРО-ДПМНЕ, истакна Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ при средбата со жителите од Свети Николе и околните населени места.

-Земјоделците се сеќаваат дека пред 2006 година тутунарите молеа за дополнителни субвенции, а земјоделците ја бараа онаа површина која што сакаа да ја обработуваат. Се сеќаваат дека во минатото само 400 големи земјопоседници ја имаа целата земјоделска површина, додека сега ја имаат повеќе од 10.000 земјоделци кои што ја обработуваат и нормално егзистираат од неа. Можам да заклучам дека земјоделците сакаат да престане оваа ситуација во која што се наоѓа Р. Македонија односно да престане манипулациите и уназадувањето на целата Република, рече Трипуновски.

Посочи дека земјоделците сакаат да продолжат проектите кои што ја олеснуваат нивната работа, како и да се спроведат ново-најавените како што се како што се Агробизнис, Зона Македонија, инвестиции во системите за наводнување, проектот „Од град во село за нов почеток“ и земјоделските субвенции.

 

 
 
31.10.2016 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега