„Еј, не плачи те молам“- Шенон Доерти ја расплака „најсуровата“ водителка

Ѕвездата од серијата  Беверли Хилс,   Шенон Доерти гостуваше во ТВ-емисијата на Челси Хендлер првпат откако дозна дека е болна од рак. Во еден миг, водитеката позната по остриот јазик и суровоста во интервјуата со познатите дури и се расплака.

„Еј, не плачи, те молам“, и’ кажа Шенон смеејќи се, а потоа продолжи:

„Цело време мислев дека сум храбра и грациозна, но всушност се криев. Има денови кога навистина мислам дека нема да успеам, но, се обидувам да останам силна“,истакна актерката.

Таа неодамна мораше да подлежи на мастектомија откако и’ беше дијагностициран карцином на дојка, но ракот се проширил, така што почнала и со хемотерапија.

„Мислам дека станав друга жена. Понекогаш го гледам сопругот и си мислам: ’Многу ми е жал, фраеру!’ Ракот ме научи да бидам скромна“, откри Шенон.

Погледнете ја емисијата.. 

 
 
31.10.2016 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега