Им го уништил животот: Со години мислеле дека е мртов, откриле дека има нова жена и друго име

Ричард Хогланд исчезнал во 1993 година оставајќи ја сопругата и двете деца. Семејството одамна се простило од него, мислејќи дека е мртов, а по 23 години дознале дека е жив и здрав има ново семејство и друго име.

Тој бил пронајден на Флорида, каде последните 23 години живеел со идентитет кој го украл од починат рибар,

Таа 1993 година Хогланд испаничено ја побарал својата сопруга Линда Ајслер и и кажал дека е на пат кон болница. По тоа Линда и нивните два сина Метју и Даг не го виделе никогаш повеќе.

-Нè уништи. Нè остави без ништо. Не знам како го премолчев тоа. Со години бевме во агонија, изјавила Линда за ABC News.

Хогланд официјално е прогласен за мртов во 2003-та година. Линда во меѓувреме заминала од Индијана и се премажила. За тоа време Ричард патувавал 1.600 километри јужно и се доселил во едно мало гратче во Флорида. Повторно се оженил, но овој пат како Тери Смијански, име кое го украл од рибар кој починал во 1991 година во несреќа. Го изнајмувал станот на таткото на рибарот, кој во меѓувреме починал. По неговата смрт Хогланд се претставувал како негов син, извадил нови документи и возачка дозвола.

починатиот рибар

                             починатиот рибар

Во измамата Ричард бил откриен од внук на починатот рибар кој го истражувал семејното стебло и дошол до информација дека неговиот „вујко“ се оженил две години по својата смрт.

Шеесет и три годишниот измамник се соочува со неколку обвиненија. Пред полицијата изјавил дека побегнал затоа што сакал да ја остаиви Линда, но не можел да поднесе уште еден развод.

-Тој е кукавица која го проживеала својот живот уништувајќи туѓи, изјавил шерифот Крис Ноко кој го уапсил Ричард.

Третата измамена жена Мери Хикман не сакала да дава изјави за медиумите, бидејќи како што рекле нејзините роднини се уште не се опоравила од шокот.

 
 
31.10.2016 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега