Погледнете какво време ќе имаме денеска

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност особено во западните делови. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до пет, а дневната од 13 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Од утре до средината на наредната недела се очекува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата.

 
 
29.10.2016 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега