АМС: Бојана Наумовска избрана за младински претставник во УО на РИКО

Бојана Наумоска е избрана за младински претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан (РИКО), соопшти денеска Агенцијата за млади и спорт.

Според соопштението, Наумовска е избрана вчера од страна на Работната група за поддршка на процесот на воспоставување на РИКО, формирана  на иницијатива на невладиниот сектор на координативен состанок со директорот на АМС, одржан непосредно по Парискиот Самит каде беше потпишана Меѓународната спогодба за воспоставување на оваа канцеларија од страна на премиерите на шесте земји.
 
- Оваа работна група произлезе како проширување на Работната група која беше формирана во декември 2015 година за поддршка на процесот на воспоставување на РИКО каде учествуваа претставници на невладини организации, како и Министерството за образование и наука, Министерството за надворешни работи и Министерството за култура, како институции кои делуваат во областите во кои ќе бидат и имплементирани активности поддржани од РИКО. Проширената работна група, составена од 66 претставници (од кои 6 претсавници од институции) имаше цел да изврши избор на младинскиот претставник во Управниот Одбор на РИКО, каде ќе биде дел и директорот на Агенцијата за млади и спорт, како владин претставник. Предвидено е учество на двајца претставници од секоја држава (владин и невладин) и работата на оваа работна група завршува со ваквиот избор, појаснуваат од АМС.
 
Изборот на младинскиот претставник, според соопштението, се извршил според мнозинскиот принцип. При првиот јавен повик, навеудваат, беа пријавени тројца кандидати кои ги исполнуваа критериумите утврдени во повикот, но не беше избран младински претставник поради неосвојување на доволен број гласови. На вториот јавен повик се пријавија двајца кандидати кои ги исполнија критериумите од повикот. Гласањето се одвиваше во два круга, а  беа присутни 45 членови на работната група. Бидејќи ниту еден од кандидатите не го освои мнозинството гласови првиот круг, се премина на втор круг каде Бојана Наумоска освои 31 од вкупниот број гласови, се вели во соопштението. 
 
Останатите тела во канцеларијата, како што информира Агенцијата, се: Секретаријат, Советодавен Одбор, а предвидена е позиција генерален секретар и заменик генерален секретар, кои ќе се избираат во натамошниот период, а за кои нашата држава ќе пројави интерес. 
 

- Агенцијата за млади и спорт изразува жалење што и по исполнувањето на сите барања на невладините организации и обидот целокупниот процес да биде отворен и транспарентен, неколку невладини организации прават обид за дискредитирање на процесот и работата на Агенцијата за млади и спорт. Регионалната канцеларија за младинска соработка започнува со работа на почетокот на 2017 година и во таа насока оставаме простор Бојана Наумоска да го изрази својот потенцијал во Управниот Одбор и да биде силен претставник на целиот младински сектор од нашата држава, во највисокото тело на оваа канцеларија.  Истовремено, упатуваме апел до СДСМ да не ја користи оваа иницијатива во рамки на преидзборниот процес, за собирање политички поени, наведува во соопштението Агенцијата за млади и спорт.Според соопштението, Наумовска е избрана вчера од страна на Работната група за поддршка на процесот на воспоставување на РИКО, формирана  на иницијатива на невладиниот сектор на координативен состанок со директорот на АМС, одржан непосредно по Парискиот Самит каде беше потпишана Меѓународната спогодба за воспоставување на оваа канцеларија од страна на премиерите на шесте земји.

 
- Оваа работна група произлезе како проширување на Работната група која беше формирана во декември 2015 година за поддршка на процесот на воспоставување на РИКО каде учествуваа претставници на невладини организации, како и Министерството за образование и наука, Министерството за надворешни работи и Министерството за култура, како институции кои делуваат во областите во кои ќе бидат и имплементирани активности поддржани од РИКО. Проширената работна група, составена од 66 претставници (од кои 6 претсавници од институции) имаше цел да изврши избор на младинскиот претставник во Управниот Одбор на РИКО, каде ќе биде дел и директорот на Агенцијата за млади и спорт, како владин претставник. Предвидено е учество на двајца претставници од секоја држава (владин и невладин) и работата на оваа работна група завршува со ваквиот избор, појаснуваат од АМС.
 
Изборот на младинскиот претставник, според соопштението, се извршил според мнозинскиот принцип. При првиот јавен повик, навеудваат, беа пријавени тројца кандидати кои ги исполнуваа критериумите утврдени во повикот, но не беше избран младински претставник поради неосвојување на доволен број гласови. На вториот јавен повик се пријавија двајца кандидати кои ги исполнија критериумите од повикот. Гласањето се одвиваше во два круга, а  беа присутни 45 членови на работната група. Бидејќи ниту еден од кандидатите не го освои мнозинството гласови првиот круг, се премина на втор круг каде Бојана Наумоска освои 31 од вкупниот број гласови, се вели во соопштението. 
 
Останатите тела во канцеларијата, како што информира Агенцијата, се: Секретаријат, Советодавен Одбор, а предвидена е позиција генерален секретар и заменик генерален секретар, кои ќе се избираат во натамошниот период, а за кои нашата држава ќе пројави интерес. 
 
- Агенцијата за млади и спорт изразува жалење што и по исполнувањето на сите барања на невладините организации и обидот целокупниот процес да биде отворен и транспарентен, неколку невладини организации прават обид за дискредитирање на процесот и работата на Агенцијата за млади и спорт. Регионалната канцеларија за младинска соработка започнува со работа на почетокот на 2017 година и во таа насока оставаме простор Бојана Наумоска да го изрази својот потенцијал во Управниот Одбор и да биде силен претставник на целиот младински сектор од нашата држава, во највисокото тело на оваа канцеларија.  Истовремено, упатуваме апел до СДСМ да не ја користи оваа иницијатива во рамки на преидзборниот процес, за собирање политички поени, наведува во соопштението Агенцијата за млади и спорт.
 
 
28.10.2016 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега