Кирацовски потврди дека СЈО е продолжена рака на СДСМ и дека стратегијата на Заев е да ја дефокусира јавноста
Дополнителниот заменик министер во МИОА од редовите на СДСМ за неделникот „Фокус“ ги најави идните активности на СЈО, потврдувајќи ја заедничката агенда на СЈО и СДСМ договорена меѓу Зоран Заев и Катица Јанева, анализира Курир.
Според Кирацовски, наскоро сериозни предмети на Специјалното јавно обвинителство ќе стигнеле во рацете на судии во скопскиот Кривичен суд, кои позитивно ќе одговореле на барањата за мерки против високи функционери во власта за кои постојат индиции за коруптивни активности.
Кирацовски не ги крие ниту контактите на СДСМ со одредени судии кои требале да ги исполнат желбите и наредбите на Зоран Заев и Катица Јанева.
-Притворот за битолскиот градоначалник Владимир Талески, на пример, е скромен чин на храброст на еден од судиите, но имам информација дека секојдневно судии се охрабруваат и едвај чекаат одреден предмет против власта да падне во нивни раце. Ве уверувам дека за скоро време сериозни предмети ќе стигнат во рацете на храбри судии кои секојдневно се одважуваат – вели Кирацовски за Фокус.
Со ваквиот настап на Кирацовски и практично се потврдува спрегата меѓу СЈО и СДСМ, но и главната стратегија на Зоран Заев во кампањата која се базира на дефокусирање на јавноста од вистинските прашања и проблеми кои ги тиштат граѓаните за сметка на лажни обвинувања и деструктивна политика.
Се поочигледно станува дека СДСМ се помири со фактот дека ја изгуби битката со ВМРО ДПМНЕ околу економските прашања и теми, отворањето на нови работни места, образованието, здравството или културата и наместо тоа одлучи да влезе во црна кампања исполнета со клевети, навреди и манипулации.
Со сличен став настапи денеска и министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска која на барање на СЈО, денеска беше повикана во Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Министерката, по денешниот распит во судот за случајот што го отвори Специјалното јавно обвинителство изјави „се работи за политички театар во корист на СДСМ, потпомогнато од СЈО“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа