Студија: Животните користени за халал месо често умираат во маки

Академците од Ветеринарниот универзитет во Бристол спроведоа студија во која се посветија на обичаите и успивањата на животните пред колење кај исламските следбеници и обичните луѓе, верниците. Резултатите покажале дека 95 отсто исламски следбеници се согласиле да користат анестезија ако се сигурни дека тоа не би предизвикало смрт кај животното, пишува Индепендент.

За да биде халал месото од животното кое е заклано, кон него треба да се однесуваат човечки, но и да се коле во свесна состојба и да се остави да искрвари до смрт.

Меѓутоа, во журналот Meat Science стои дека недостигот на сфаќањето на употреба на анестезии при убивање на животни резултирало со издавање на голем број на фетви за конзумација на месо од животно кое пред да се убие било успиено.

„Постои голема потреба за теоретска и практична едукација кај муслиманските ученици за модерниот начин на колење и модерните техники, како што е механичко колење” – стои во студијата.

Според негово мислење, сето ова доведува до тоа животното без потреба да страда непосредно пред смртта.

Меѓутоа, авторите на студијата се обидувале да се оправдаат зборувајќи дека не ги нарекле муслиманите незналици, во смисла која би била навредлива, туку дека едноставно мислат дека исламските следбеници немаат знаење за одредени работи, како што е на пример механичкото колење.

Некои муслимански следбеници сметаат дека животните убиени на халал начин всушност умираат на многу похуман начин од животните кои поминуваат низ индустриски кланици.

Како во халал кланиците, така и во индустриските, можат да се најдат случаи на лошо постапување кон животните.

 
 
28.10.2016 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега