Заев призна: СДСМ тоне - рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ забрзано оди нагоре

 

Дури и во анкетите кои ги нарачува ССМ не може да ја го скрие фактот дека забрзано му тоне рејтингот. И последната анкета на српската агенција Фактор плус Адриа која важи за агенција која му дава маркетинг услуги на СДСМ открива дека од последната нивна анкета во март, до денеска, кога беше објавена најновата анкета, рејтингот на СДСМ потонал за 1,3 процентни поени.

Во март според српската маркетинг агенција, СДСМ имал рејтинг од 25,2% а сега, во октомври, рејтингот на СДСМ се спуштил на 23,9%.
Агенцијата не објаснува дали причина за тоа е шарената револуција, деструктивната политика или соработката со СЈО.


Од друга страна, истата агенција која ја плаќа СДСМ, објавува дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ за 7 месеци пораснал за 0,6 процентни поени и достигнал 28,1% што е повеќе од мартовскиот рејтинг кој изнесуваше 27,5%.

Експертите кои работат анализа на ставовите на граѓаните велат дека не треба да сте многу стручен за да видите дека станува збор за крајно аматерски изработена манипулација и комплетно нереални бројки.
Според нив, секој кој прави анкети треба да знае дека во Македонија никогаш не искочиле 1,4 милиони гласачи на гласање, а српската агенција го предвидува токму тоа. Според истата анкета, распределбата на мандатите во Собранието, би донела не повеќе од 13 пратеници за етничките Албанци во Собранието, што е далеку од реалната слика и што е најсмешно, предвидувањето дека Павле Трајанов и Јове Кекеновски, заедно ќе освојат 160.000 гласа не само што е нереално, туку може да служи и за подбив.

 
 
27.10.2016 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа