Миноски: Наша цел се отворање на нови работни места, инвестиции и креирање на поволна деловна клима

 

Во рамките на определбата на ВМРО ДПМНЕ,  да има постојана комуникација со граѓаните, денеска во Прељубиште беше Кирил Миноски, каде оствари средби со тамошните жители.

-Денеска сме во Прељубиште заедно со граѓаните од ова населено место со цел да ја презентираме новата програма и новите програмски цели на ВМРО ДПМНЕ за претстојните избори во кој што централно место има подобриот живот за граѓаните и благосостојбата на граѓаните. Ние како Влада и како партија знаеме како да го постигнеме тоа, преку отворање на нови работни места, поттикнување на инвестициите и креирање на поволна деловна клима во која што ќе се стимулира развојот на приватниот сектор, изјави Кирил Миноски од ВМРО ДПМНЕ.

minoski-html3

 
 
27.10.2016 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа