КУРИР: Осудени криминалци единствена надеж на аболицираниот Заев да избега од пораз

 

Со наближување на изборите закажани за 11 декември, расне паниката и стравот на Зоран Заев дека овој пат нема да може да избега и ќе мора да се соочи со вољата на граѓаните и дебаклот што го очекува. Стравот на Заев се зголемува од ден во ден и се потешко СДСМ може да го сокрие очајот во кој што се наоѓа раководството, пишува Курир.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев нема никаков кредибилитет меѓу народот и на неговите ветувања се гледа како на уште една лага во низата со кои СДСМ со години ги манипулира граѓаните. Впрочем и самите членови на раководството на СДСМ го прогласија 11 декември за нов 15 септември, денот кој македонскиот народ го памети по најголемата лага за вработување на по еден член од секое семејство. Заев кој беше аболициран за криминал тежок 7 милиони евра, кој самиот признава дека тежи десетици милиони евра ги потценува граѓаните убедувајќи ги дека нема живот и дека треба да го гласаат за тој да им дал живот.

Последниот силен шамар за лагите со кои аболицираниот Заев ги потценува граѓаните пристигна од Светската банка, која и покрај политичката криза во која што СДСМ ја држи Македонија веќе две години, ја рангираше земјава меѓу 10-те најуспешни економии на глобално ниво на листата Дуинг бизнис.

Затоа Зоран Заев очајнички го активира механизмот кој најдобро го познава. Ангажирање на осудени криминалци и истрошени ликови кои се познати по валкани игри и малверзации за да ги клеветат и навредуваат противниците на кои не може да им се приближи, со надеж дека ваквиот обид ќе остави впечаток кај граѓаните дека сите политичари се исти.

Своите пет минути вчера ги доби Слободан Богоевски, лице осудено за криминал тежок стотици илјади евра.
Слободан Богоевски вчера искажа безброј лаги, без ниту еден аргумент. Дел од нив веќе се докажани и во завршени судски предмети. ВМРО-ДПМНЕ и официјално најави дека против Богоевски ќе бидат покренати тужби за клевета, но медиумите под контрола на СДСМ/Сорос продолжуваат да ги шират лагите.

Слободан Богоевски во април 2013 година, заедно со уште три лица беше приведен во полициската операција „Агент“, поради сомнение дека сториле повеќе кривични дела како „„перење пари и други приноси од казниво дело“, „фалсисификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Богоевски се товареше дека заработил околу 132.000 евра од малвезацијата со продажбата на парцелата кај спортската салата „Борис Трајковски“. Суштината на проневерата беше во продажба на земјиште кај СЦ „Борис Трајковски“ на словенечки „Меркатор“ во име на кипарска фирма, иако тоа веќе ѝ било одземено на кипарската фирма од страна на државата. На ваков начин биле проневерени еден милион евра.

Осум месец месеци подоцна заврши и судскиот процес во кој што врз основа на докази, Богоевски беше прогласен за виновен. Богоевски, беше осуден на двегодишна казна затвор за перење пари.

Освен најавените тужби од ВМРО-ДПМНЕ, денеска почнаа да пристигнуваат и реакции од останатите кои Богоевски ги спомнуваше во валканото интервју со Чомовски.

Лидерот на ВМРО НП, Љубчо Георгиевски категорично ги отфрли наводите дека грчки бизнисмени сугерирале или на каков било начин влијаеле при номинирањето на Никола Груевски за министер, премиер или претседател на ВМРО ДПМНЕ, а исто така ги негираше и лагите на Богоевски поврзани со приватизацијата на Окта.

– Не е точно дека грчкиот бизнисмен Кондоминас сугерирал Груевски да биде министер, премиер или претседател на ВМРО-ДПМНЕ, тврди поранешниот лидер на партијата и премиер Љубчо Георгиевски за Радио Слободна Европа

Тој вели дека Кондоминас нема врска со приватизацијата на Окта, туку дошол подоцна со приватизацијата на Телеком.

Со тоа Љубчо Георгиевски практично потврди дека нарачаното и режирано интервју на Слободан Богоевски на Телма е уште еден срамен потег на еден од најмрачните ликови во македонската историја.

 
 
27.10.2016 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа