Скопје денеска во жолта фаза

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со умерен до засилен северен ветер. Во централните и северните делови со сончеви периоди. Кон крајот на денот и преку ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои во јужните делови повремено ќе бидат со умерен интензитет.

Минимална температура од пет до 13, а максимална температура од 12 до 17 степени.

Во Скопје претежно облачно со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од  10 до 14 степени.

Преку ноќта и во петок претпладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во јужните делови повремено ќе имаат умерен интензитет.етпладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во јужните делови повремено ќе имаат умерен интензитет. Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките планини во западниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Од петок попладне следува период на стабилно, суво време со утрински температури кои на некои места ќе се спуштат под нула.

 

 
 
27.10.2016 - 08:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега