Времето утре со нови изненадувања - подгответе се!

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, на југот од земјава облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Кон крајот на денот, преку ноќта и во петок претпладне ќе има локални врнежи од дожд кои во јужните делови повремено ќе имаат умерен интензитет, а на повисоките планини на запад во земјава врнежите ќе поминуваат во снег.

Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 12 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Од петок попладне следува период на стабилно и суво време со утрински температури кои на некои места ќе се спуштат и под нулата. 

 
 
26.10.2016 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега