Манчев: Струмичани не веруваат во шарените лаги на Зоран Заев

Дали верувате во зборовите на Зоран Заев? Ние струмичани најдобро знаеме колку вреди неговиот збор и дека неговите ветувања се празни и по правило се нереализирани, вели Ванковер Манчев од ВМРО-ДПМНЕ Струмица.

-Нова мултифункционална хала за саеми и концерти е едно од редиците празни ветувања на Зоран Заев со кое ги изманипулира струмичани во неговата програма на последните локални избори во 2013 година за трет градоначалнички мандат. Новата мултифункционална хала за саеми и концерти требаше да биде изградена веднаш до мултифункционалниот пазар, исто така проект, дел од низата проекти „Шарените невистини на Заев“.

Неговото мото во таа програма „Струмица Знае“ само увери дека тој ветува, а не исполнува, истакна Манчев.

Од ВМРО-ДПМНЕ Струмица исто така потсетуваат дека струмичани не ги видоа ниту индустриските зони и фабрики кои Заев ги ветуваше.

-Се ближи 11-ти декември, денот кога сам ќе се увериш дека твоите „Шарени лаги“ повеќе не поминуваат кај граѓаните, му порачаа струмичани на Заев.

 
 
26.10.2016 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега