Тешката судбина на семејство од струмичко, веќе 4 години гази по нивниот животен век

Тешката судбина на ова семејство од струмичко, веќе 4 години гази по нивниот животен век. 

Нехуманите услови во кои живее ова семејство додатно го отежнува и го скратува животот на Гордана, која се справува со ментална попреченост а уште пострашно е тоа што таа пред 4 години минала низ срцев и мозочен удар што нејзината состојба значително ја влошило, пренесува Канал 5.

Гордана има брат, но кога се поставува прашањето зошто таа е во таква состојба тој одговара дека неможе да ја остави сама и да заработи пари за да и купи лекови, додека и тој самиот е  неупатен и неук за административните постапки што резултира двајцата буквално да преживуваат без денар во џебот.

Денес екипата на Канал 5 стапила во контакт со ЦСГ Струмица каде се информирани дека блиските соседи на ова семејство биле заинтересирани за продолжување на паричниот надомест на Гордана. 

Барањето кое било поднесено е одобрено од страна на второстепената комисија и Гордана ќе добие додатни парични средсва, но исто така таа за 6 месеци повторно ќе мора да оди на контролен преглед за повторно да и бидат одобрени додатните средства. 

 
 
25.10.2016 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега