Од вечерва дожд: Времето изненадува со нови промени

Времето вечерва и преку ноќта ќе биде до умерено облачно со слаб претежно југоисточен ветер.

Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер, претпладне од југоисточен, а попладне од северен правец. Попладне и преку ноќта ќе има слаби локални врнежи од дожд повеќе во северните и источните делови од земјата. Т-мин. од 5 до 12 а т-мин. 15 до 21 степени.

Во Скопје исто така ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Попладне и преку ноќта ќе има појава на слаб локален дожд. Температурата ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Утре од попладневните часови, претежно на север и исток, ќе има повремени врнежи од дожд. Појава на слаб повремен дожд ќе има и во четврток, а од попладневните часови и преку ноќта кон петок врнежите повремено ќе бидат поинтензивни.

Од среда попладне ќе започне да дува северен ветер кој во наредните денови повремено ќе биде засилен и ќе предизвика значително опаѓање на температурите. Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките планини во северозападниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег.

Од петок попладне следува период на стабилно, суво и постудено време.

 

 

 
 
25.10.2016 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега