ДИК со важно потсетување пред изборите

             

  Државната изборна комисија известува дека во тек пријавувањето за гласање за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии, и истото ќе трае до 11 ноември 2016 година.

            Заклучно со 25 октомври 2016 година, до 14:00 часот, можноста за пријавување преку електронската апликација ставена во веб страната на Државната изборна комисија, ја искористиле вкупно 1011 граѓани на Република Македонија, од кои 515 пријави се прифатени, 32 пријави се одбиени, додека 464 пријави се во фаза на обработка.

            Државната изборна комисија, ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, да се пријават за гласање за претстојните Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.

            Пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб страницата на Државната изборна комисија https://dijaspora.sec.mk

 
 
25.10.2016 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега