Вранишковски треба да се оперира - повторно одложено судењето
Судското рочиште против Јован Вранишковски е повторно одложено, овојпат поради здравствени причини.
- “При вчерашното јавување пред судот, беше констатирано дека здравствената состојба на Архиепископот Јован е сериозно влошена и дека веќе еден месец постои мислење од лекар специјалист дека тој треба да биде опериран. Беше констатирано и дека мислењето на лекарот специјалист е одобрено од судот, но истражниот затвор кадешто Архиепископот Јован се наоѓа во притвор, 23 часа затворен во келија, веќе цел месец не му ја овозможува основната здравствена заштита“, се вели во соопштението на таканаречената Православна Охридска архиепископија.
ФОТО: Денешен