ВМРО-ДПМНЕ остро реагира: Новинарите да бидат оставени слободно да си ја вршат работата

ВМРО-ДПМНЕ го осуди вчерашниот напад врз новинарот на Телма.

Интегрално ви ја пренесуваме реакција:

„Новинарите и медиумите мора да бидат оставени слободно да ја вршат својата работа. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува сите притисоци и напади врз медиумите и сите обиди преку какви било закани и прогласувања за непријатели, медиумите да бидат заплашени и цензурирани. Само на таков начин може да се оттргнат сите сомнежи и сите политички злоупотреби на ваквите недолични постапки. ВМРО-ДПМНЕ бара надлежните органи на виновникот да му изречат соодветна санкција. Заканите кон медиумите, нападите врз новинарските екипи, демолирањето на радио станици, навредите, одземањето мобилни телефони и сите останати форми на насилство, „мора да останат само сеќавање на едно црно минато кога аболицирани политичари се обидуваа да дојдат на власт без поддршка од народот, притоа газејќи сѐ што одбива да работи по нивните налози", стои во соопштението.

 
 
21.10.2016 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега