За навреда на Фејсбук 350 евра казна

Полициската управа Запад, под која се бриселските општини Јете, Берхем, Моленбек, Куеклбер и Гансхорен, донесе уредба според која правилата, кои важат за однесување на јавен простор, се проширува и на друштвените мрежи.

Тоа значи дека навредите испратени преку Фејсбук ќе бидат казнувани еднакво како и навредите на улица. Во општината Јете оној кој ќе навреди некого на Фејсбук, ризикува да плати казна од 350 евра.

„Она што не смеете да му направите на соседот од зградата, да го вреѓате на улица затоа што минатата ноќ бил многу гласен, до сега проаѓаше на друштвените мрежи, а од денеска тоа нема да биде возможно“, вели градоначалникот на таа општина Ерв Дојен.

Полицијата истакнува дека тоа нема да значи дека тие нема да ги надгледуваат социјалните мрежи, туку даваат можност на луѓето ки се жртви на непримерни коментари и навреди на истите да поднесат тужба.

По тужбата, полицијата може да го индентификува и процесуира авоторот на навредат и покрене постапка пред суд.

 
 
21.10.2016 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега