Новак и Јелена Ѓоковиќ донесоа важна животна одлука

Според пишувањата на регионалните медиуми, славниот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена решиле да донесат важна животна одлука, односно одлучиле да купат имот во близина на Белград.

Наводно, Ноле и сопругата веќе го направиле првиот чекор и почнале да бараат плац.

-Ноле и Јелена неодамна беа во околината на Белград каде разгледуваа плацови на кој би изградиле куќа. Дефинитвно решија да се преселат во Белград и тука да живеат. Можеби ќе се одлучат за Копаоник каде израсна Ноле и ги направи првите тенисерски чекори. Наскоро ќе се реши, открива извор близок до славниот тенисер.

Инаку, Ѓоковиќ со години живее во Монте Карло и Монако, но ова по се изгледа набрзо ќе се промени, а Ноле ќе си се врати во родната земја.

 
 
20.10.2016 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега