Канческа Милевска: За мене критиките за Скопје 2014-та се паушални

Како гостин во „Отвореното студио“ на ТВ Нова, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска освен за обвинувањата од страна на СЈО, кои ги нарече неаргументирани и непоткрепени со никаков материјален доказ, даде и свое видување на критиките на дел од јавноста околу проектот „Скопје 2014-та“.

-За мене критиките за Скопје 2014-та се паушални, а во однос на материјалот на градбите, на кој како ќе му текне си дава изјави. Сите објекти се изградени, ставени во функција и постојат. Мојата политичка функција е менлива, но објектите остануваат тука, сè може да се провери. Сè е видливо и може да се провери на лице место, постои материјален доказ што ќе остане за идните геренации. Во сите тие проекти има посетители, настани, туристи.  Зборуваме за огромни инвестиции и проекти во сите области. Не прифаќам ни критика за службеници од Министерството кои чесно, одговорно и посветено работеле на сите обврски и задачи, изјави Канческа Милевска.

Канческа Милевска гостуваше во отвореното студио на ТВ Нова, заедно со екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Повикан беше и претставник од СЈО, меѓутоа од ова обвинителство истакнаа дека не се во можност да присуствуваат на дебатата.

 

 
 
20.10.2016 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега